A short walk through the center of Skopje, the capital of Macedonia.
Related:
Skopje City Center (album) – flickr.com;
A short walk through the center of Skopje, the capital of Macedonia.
Related:
Skopje City Center (album) – flickr.com;
Простете ми на речникот но 27 години преговори за името е исто како да сте се согласиле да ве дупат а да не сакате да ви влезе.
Ајде што овие преговори се против уставни против правни недемократски ретроградни според сите параметри се и безизлезни.
Спорот за името има една единствена цел, Македонија да се спречи да стане економски и политички стабилен фактор на Балканот и Југоисточна Европа.
Што и да прифати било која владина гарнитура тоа решение секогаш ќе биде осудено на неуспех. Од една страна доколку не ги задоволува максималистичките барања на Грција ќе се соочи со вето, од друга пак доколку тие максималистички барања бидат прифатени од на пример владата на Заев, ќе биде отфрлено од референдумскиот глас на Македонците. Грците тоа многу добро го знаат и го користат. Во шаховски жаргон кажано Македонија 27 години е во пат позиција. Владите се менуваат ние старееме спорот останува
Во Грција на спорот се гледа како на заштита на грчката култура и идентитет и блокирање на заканата од “иредентизмот“ на северниот сосед, а дефакто се користи воглавно за билдање на предизборниот рејтинг
Во Македонија пак спорот главно се користи за да се оправда неуспехот и неспособноста да се донесе стабилност и просперитет за овие граѓани. Македонија 27 години ја водат корумпирани политичари кои во тие 27 години го користат спорот за да ги задскријат своите криминални дејствија.
Според мене за лошата социјална и економска состојба на граѓаните на Македонија не се виновни Грците ниту пак нечленувањето во ЕУ и НАТО. Иако членството во овие организации посебно во ЕУ би донело одредени бенефити сепак највиновни за лошата состојба во македонското опшество се македонските политичари и поготово трите најголеми партии во државата кои 27 години како слеп за стап не водат во тунел кој не води никаде.
Македонија од ’91 па наваму нема алтернатива на патот за ЕУ и НАТО ниту пак некој работи за да ја изгради таа алтернатива. Напротив дури и најмалите повици за креирање на тие мостови се осудени на потсмев резигнација и неуспех. Ние како опшество како индивидуи сме заробеници на сопствениот ум, нешто што е далеку пострашно од тоа да бидеш затворен во Шутка или Идризово.
Постои само еден излез од овој ќорсокак и статусот кво, а тоа е прекин на разговорите при ООН. Ќе биде тешко, но тоа е единствениот начин како ќе се ослободиме од менталното ропство надвиснато над ова опшество. Само тогаш и само така ќе си ги вратиме достоинството и вербата во државата и институциите. Дури тогаш и само тогаш ќе почнеме вистински да се грижиме како работат нашите народни избраници, Зошто само тогаш? А не сега? Бидејќи тогаш ќе мораме, ќе бидеме препуштени сами на себе, наместо како сега нашите надежи да ги вложуваме во некој европски стандард од надвор чекајќи тој да ни ја оправи земјата.
И бар тогаш како Република Македонија ќе видиме кои се вистинските сојузници на оваа држава и според тоа ќе можеме да продолжиме да градиме вистински пријателства и партнерства било тие да се наоѓаат на Запад или Исток.
Стоп на менталното ропство. Слобода за името Македонија.
Related:
Слобода за името на Македонија – expres.mk;
Стоп на менталното ропство, Слобода за името! – bukefal.club;
In the morning hours on the 14th of April 2018, the United States of America, the United Kingdom, and France once again attacked Syrian government positions without respecting the United Nations Charter, nor any of the UN laws and resolutions that guarantee the territorial integrity of the Syrian Arab Republic and its people.
As a matter of international law, use or threat of force against the territorial integrity or political sovereignty of another country is illegal. This prohibition on the use of force is one of the norms that international lawyers call ‘jus cogens’ (peremptory norms) and has been codified in Article 2(4) of the UN Charter. The customary international law also prohibits States from acquiring territory through aggression or recognizing such acquisitions made by other States.
Unfortunately, this is not the first time the US, UK, and France go outside of the rules of international law to bomb and incite conflicts in third world countries, by giving financial military and political support and aid to terrorists, in that way creating proxy civil wars so they can assert and secure their political and financial interests in a certain region.
Not so long ago to justify their unlawful actions the public through mass media was lied to, about the weapons of mass destruction in Iraq than it was Gaddafy’s tyranny in Lybia, now Assad’s chemical weapons in Syria. I ask you in which of this countries the people live better now than they lived before the West started their global war for freedom and democracy?
And if for you, a country has the full right to bomb another country just because they don’t agree with their state of democracy and freedom, I encourage you to ask yourself this question: Should some countries start now bombing the USA cause they have the most incarcerated people in the world, or cause they have mass school shootings almost every month, or maybe cause their militarized police forces are killing unarmed black people on the streets in the middle of the day. Should some countries start providing political and military aid to radical groups in the US to topple the undemocratic government, or is that going to be seen as a dangerous meddling in the internal affairs of the USA and qualified as an attack from abroad?
Who gave US, UK, and France the right to be the judge the jury and the executioner in providing their own way of justice all over the world, without even the consent of the United Nations?
How many drones killed and are still killing innocent people in Yemen Pakistan Somalia and all over the Middle East?
In how many secret missions JSOC killed and is still killing small kids. pregnant women, unarmed men, even their own citizens?
Why doesn’t a developed western country respects the charter for Human rights that guarantees the freedom and life of every individual?
All this is not about spreading democracy and freedom. It’s about securing political and financial influence wherever the world allows them to do it. In the Deir Ez-Zor region in Eastern Syria, there is a large US base that is located right inside of an oil refinery that now is controlled by Conoco, an oil and gas company with HQ in Houston Texas.
That is the real reason why the west is in Syria.
Ќе ви кажам сега една приказна лична моја:
Во 2008 бев до Бетмен на Плоштад Пела на Протест Против Промена на Името. Го лепевме цел град со плакати кои ги плаќавме од сопствен џеб. Никој не застана зад нас. Двете најголеми македонски партии тогаш под водство на Црвенковски и Груевски се согласија Македонија да се преименува во Република Македонија-Скопје.
Се чекаше Грција да се согласи за да станеме членка на НАТО на самитот во Букурешт. Среќа Бакојани не прифати, името остана.
Во 2010 дипломирав на факултет но не барав тука работа не ја ни земав дипломата веднаш заминав во странство, за да направам некој денар
Во 2013 дојдов во Македонија, ДПМНЕ го постави Талат Џафери за Министер за Одбрана. Јас ги направив Протестите против Талат Џафери, мислејќи дека не бива некој кој дезертирал од армијата и убивал македонски војници сега неа да ја води и да е задолжен за редот и мирот на граѓаните на оваа држава.
Имаше инциденти. Ме притворија во ПС Пролеќе напишаа кривична пријава за нарушување на јавниот ред и мир иако јас бев оној кој ги бранеше полицајците да не ги маваат и пљукаат. Ми одземаа пасош. Изгубив работно место во странство и плата од 1800 долари.
Во 2014 се вработив како водич едукатор и потпишав договор на определено време во Археолошкиот Музеј Скопје.
Во Март 2015 година протестирав за Тамара за Нешковски за Студентите бев предупреден од директорката Честоева, но не престанав со протестите и поради тоа во јули го изгубив работното место во Археолошкиот Музеј на Македонија. Од сите месеци на работа земав само две плати, другите не им ги ни побарав, не им ги ни барам.
Во Август 2015 кривичната пријава за нарушување на јавен ред и мир беше отфрлена ми го вратија пасошот, веќе следниот месец пак заминав да работам во странство.
Во новава 2018 година ќе се придружам на протестите против законот за јазиците со кој се нарушува унитарноста на оваа држава и се подкопуваат нејзините темели.
Утре ако затреба ќе одам и на протести за името…
Одговорност ќе барам секогаш. Зошто? Бидејќи за време на приватизацијата мојата мајка ден пред да ја отпуштат од МЗТ се качи на покривот на својата компанија да им каже на своите нови газди дека ги уништуваат животот и иднината на нејзиното семејство, бидејќи во 2001 мојот брат замина во војна а мојата мајка секој ден плачеше и се нервираше залепена пред екранот на телевизорот чекајќи вести за својот син.
Ете затоа ќе барам одговорност.
И само уште едно ќе ви кажам
Пиштол на чело да ми ставите нема да гласам ниту за едните ниту за другите бидејќи се гробари на оваа држава.
Related:
Протестирал против сите партии и лоши политики – expres.mk;
На 10/11 јуни, 323 година стара ера Александар Трети Македонски починал во Бабилон најверојатно или од отров или од маларија.
Веднаш по веста за смртта на Александар, хелените не чекале долго да се кренат во отворен вооружен револт против хегемонијата на Македонците, имајќи за главна цел ослободување на Хелада од туѓинската барбарска власт. Предводени од Атина и Аетолската лига, во еклесијата (атинско собрание) било изгласано да се тргне во војна против Македонија.
Хиперид, поранешен Сократов и Платонов ученик, бил најгласниот заговорник за војна со Македонија. Сметал дека смртта на Александар била вистинско време за Атина и хеленските градови држави конечно да се ослободат од хегемонијата на Македонците. На повикот за војна против Македонците, Хиперид нашол и политичка поддршка кај Демостен, а воена кај Лиостен кој бил назначен за главен командант на хеленските сили.
Во истиот период во Атина бил заробен и Харпал еден од главните благајници на Александар, притоа му биле одземени 5000 таланти, богатство со кое се финансирала војната против Македонија.
По декларацијата на Атина за започнување на „ослободителна војна“, атинските пратеници почнале да апелираат по хеленските градови да се приклучат во борба против Македонија со цел враќање на позициите кои ги имале хеленските градови држави пред битката кај Херонеја 338 год. стара ера. На овие повици првично се приклучиле Аргос, Елис, Месонија, Фокис, Левкас, Епедидаур.
Diodorus Sicilus “LIBRARY OF HISTORY” Book XVIII (chaps. 8‑9)
Во првите неколку месеци од хеленското востание, Хелените забележале победи во Бојотија и на Термопилите со што воспоставиле контрола на движењето во и надвор од Пелопонез и Атика. Есента 323 година стара ера сосем неочекувано на страната на хелените им се приклучила и Тесалија која претходно важела за традиционален сојузник на Филип и Александар.
Антипатар главниот командант на македонските сили во Европа бил приморан да бара и чека засилување од Азија. Се засолнил во градот Ламија кој покрај другото имал и стратешко значење за Македонија. Присуството на значаен контигент на македонската војска во Тесалија го спречило напредувањето на хелените према Македонија и спојувањето со антимакедонските сили кај останатите соседи на Македонија, што би било фатално за земјата.
Лиостен охрабрен од раните успеси против Македонците почнал да го опсадува и градот Ламија со цел да го зароби и Антипатар.
Diodorus Sicilus “LIBRARY OF HISTORY” Book XVIII (chaps. 9‑12)
Македонската војска во Ламија не била пасивна, туку воспоставила активна одбрана и одвреме на време превземала акции против хеленската војска која го опколувала градот. Во една од тие акции загинал и хеленскиот војсководец Лиостен, а на негово место бил назначен атинскиот генерал Антифил кој ја добил титулата „Генерал на Хелените“. На погребот на Лиостен, Хиперид одржал посмртен говор во кој говори дека тој не се сомневал во победата против омразените Македонци за кој Лиостен го дал својот живот.
Hypereides „The Funeral Oration“ Col. V—VII.
Diodorus Sicilus “LIBRARY OF HISTORY” Book XVIII (chaps. 13)
Свесни за мобилноста на малата македонска флота, хеленската флота била распоредена кај Дарданелите за да го спречи преминувањето на македонската армија од Мала Азија во Европа и на крајбрежјето на Атика, обезбедувајќи притоа широк простор околу Атина. Во меѓувреме Антипатар во очекување на засилување успешно ги одбивал нападите и одбивал да се предаде.
Македонскиот генерал Леонат кој имал стабилна состојба во хелеспонска Фригија, преминал со војската во Европа и по пополнувањето на силите со луѓе од Македонија, тргнал со повеќе од 20.000 пешаци и 1.500 коњаници за Тесалија.
Хеленските сили околу Ламија броеле 22.000 пешадија и 3.500 коњаници, од кои 2.000 припаѓала на тесалиската. Иако помалубројна, македонската коњица се спротивставила на тесалиската и овозможила на силите на Антипатар успешно преку ридест терен да се извлечат од Ламија. Во коњичкиот напад загинал Леонат, но неговата војска се споила со војската на Антипатар и заедно успешно се повлекле во Македонија.
Diodorus Sicilus “LIBRARY OF HISTORY” Book XVIII (chaps. 14-15)
По враќањето во Македонија, македонските сили се консолидираат и се подготвуваат дефинитивно да ги уништат силите на Атина и нејзините сојузници. Во припремите значајна улога игра македонската флота која се подготвува да изврши воено-поморска инвазија на источното хеленско крајбрежје.
Хелените биле свесни за подготовките на македонската војска и за присуството на значајни македонски сили во Силиција под водство на Кратер. Меѓутоа, како што Атинската флота не успеа да го спречи преминувањето на Леонат, така таа не успеа подоцна да го спречи ниту преминувањето на Кратер со војската од Мала Азија во Европа.
Македонската флота испратена од Пердика, под раководство на адмирал Клејт превзема низа успешни напади против атинската флота кај Дарданелите. Во пролета 322 г.п.н.е. адмиралот Клејт ги поразил Грците кај Абид, по што неговата флота се спојува со бродовите на Антипатер. Грците прават очајнички напор да ја уништат македонската флота, но во мај доживуваат фатален пораз кај островот Аморгос.
Diodorus Sicilus “LIBRARY OF HISTORY” Book XVIII (chaps. 15)
Победата на Македонците кај Аморгос, а потоа и врз атинската флота задолжена за одбрана на крајбрежјето околу Атика, значеше крај на грчката морска доминација и на атинската политичка моќ. По двете битки кај Малијатскиот залив во кој учествувале над 400 бродови, македонската флота целосно загосподарила со Егејското и Средоземното Море.
Оваа победа му овозможила на Кратер да ја префрли војската со бродови во Европа. Во почетокот на летото Кратер безбедно ги истоварил своите трупи кај Амфиполис, по што се споил со трупите на Антипатер, кој како македонски регент ја задржува командата. По доѓањето на Кратер, бројната состојба на македонската војска станала речиси двапати поголема од грчките сили кои броеле 25.000 пешаци и 3.500 коњаници.
Македонската војска кон крајот на август 322 г.п.н.е. била построена на брегот на реката Пена, на македонско-тесалската граница. Во редовите на македонската војска која броела 40.000 пешаци, 3.000 Персиски стрелци и повеќе од 5.000 коњаници, се наоѓале и 10.000 ветерани кои се прославиле во текот на азискиот поход. Под раководство на Антипатер и неговиот заменик Кратер, македонската војска на 5 септември 322 г. п.н.е. се судриле со Грците кај Кранон, во централна Тесалија. Македонците успешно наметнале пешадиска битка и го елиминирале учеството на тесалиската коњица. Македонската фаланга им нанела тешки загуби на хеленските хоплити и извојувале уште една импресивна победа, која по значење била еднаква на победата кај Херонеја.
Diodorus Sicilus “LIBRARY OF HISTORY” Book XVIII (chaps. 16-17)
По поразот, хеленската коалиција се обидела да склучи мир со Македонија, но Антипатер одбил да го признае хеленскиот сојуз и демонстрирајќи моќ преговарал со секоја држава поединечно. Тоа ќе доведе до растурање на хеленскиот сојуз.
Кон крајот на септември, македонската војска пристигнала во Атика. Предводниците на антимакедонските сили Демостен и Хиперид избегале од Атина, која се наоѓала во паника и очај. Атињаните немале друг избор освен безусловно да се предадат. Гледајќи во Атина осведочен непријател на Македонија, Антипатар им наметнал драстични услови, меѓу кои и промена на политичкиот систем. Наместо демократско уредување, Атина добила олигархија на чело со Фокион.
Во преговорите со лидерите на претставниците на Атина, Демад и Фокион, покрај промена на политичкото уредување, Атина прифатила да ги плати сите трошоци и штети предизвикани од војната, да ги испорача лидерите на антимакедонската политика и да прифати присуство на силен македонски гарнизон во утврдувањето Минукија, кое се издигало над Пиреја. Единствено што Демад и Фокион успеале да издејствуваат во преговорите било македонската војска да не влегува во Атина.
Diodorus Sicilus “LIBRARY OF HISTORY” Book XVIII (chaps. 18)
Поставувањето на македонски гарнизон во Пиреја значело и крај на атинската сувереност. Хиперид бил предаден на Антипатaр и погубен, додека Демостен кој се криел на островот Калаврија извршил самоубиство пред да биде уапсен.
– Неделник Република, број 139, година IV, петок 1 мај 2015 год. (стр. 32-33);
Летото 330-тата година стара ера, персискиот цар Дариј III бил убиен од сопствените телохранители, Персија била целосно поразена, a власта била превземена во рацете на Александар III и Македонците. Сепак и покрај остварувањето на главните цели од походот кон Персија, Македонците есента 330-тата година, сеуште марширале кон исток, а никој освен Александар како да не знаел точно зошто тоа се случува. Наместо враќање кон родниот крај и уживање во слатките плодови од успесите реализирани со воените победи над моќната Персија, за Македонците војната и крвавите битки како да немале свој крај. На врв од сето тоа кралот сакајќи да им се доближи на новите народи почнал да прифаќа нови обичаи и традиции, а како да ги запоставил сопствените, оние за кои гинеле Македонците. Тоа предизвикувало гнев и немир во редовите на македонската војска.
Случајно или не, можеби и како директен резултат на тоа незадоволство, во декември 330-тата година стара ера, додека македонската армија била стационирана во градот Фарах (денешен западен Авганистан), се случил еден од првите посериозни внатрешни проблеми од походот на Александар. Бил обелоденет заговор за ликвидација на кралот, а меѓу обвинетите се нашло и името на Филота еден од најистакнатите команданти во македонската војска, генерал на Хетајрите најелитната македонска коњичка единица, и прв човек одговорен за обезбедувањето на кралот.
Целата завера детално била опишана во шесттата книга од “Историјата на Александар“ напишана од римскиот историчар Квинти Куртиј Руф во 1 век од нашата ера. Нема многу да се задржуваме на политичкиот контекст од овој настан. Ќе се фокусираме главно на судскиот процес и на говорите на Александар и Филота бидејќи таму покрај другото се споменува и македонскиот јазик како засебен јазик различен од хеленскиот и неразбирлив за хелените и источните народи.
Извадок:
(Quintus Curtius Rufus “History of Alexander” VI, 33-36)
Од дијалогот помеѓу Александар и Филота се поставуваат неколку прашања. Кој е тој “наш“, “татков“ јазик кој бил споменат? Зар тоа е хеленскиот? Зошто ако македонскиот е хеленски јазик тој би бил неразбирлив за самите хелени? Зошто би бил неразбирлив и за источните народи и тоа во период кога хеленскиот бил јазик на литературата, трговијата, дипломатијата, и воедно официјален јазик употребуван во целокупната меѓународна комуникација со векови наназад?
Одговорот е едноставен: Античките Македонци во меѓусебната комуникација говореле на јазик различен од хеленскиот.
Македонскиот јазик на античките Македонци никогаш не постанал меѓународен јазик во Александровата империја од едноставна причина бидејќи наметнувањето на непознат јазик во империја составена од разнородни народи несомнено би предизвикало негодување и отпор против македонската власт.
Од друга страна, хеленскиот бил меѓународен јазик, прифатен како на Западот така и на Истокот, како јазик на дипломатијата и трговијата и тоа векови наназад уште пред да биде роден Александар.
Самиот Филота бранејќи се во судскиот процес инициран против него, посочил дека уште пред нивното време „татковскиот“ (македонски) јазик не се користел во државните работи, односно во комуникацијата со другите народи:
(Quintus Curtius Rufus “History of Alexander” VI, 23-24)
Од изворите јасно се гледа дека самите Македонци биле свесни за постоењето на сопствен јазик, но исто така биле свесни и за потребата од користењето на хеленскиот во меѓународната комуникација како еден вид на политичка алатка за нормализирање и стабилизирање на односите со источните народи.
Потфатот на Александар е еден од најголемите во целокупната човекова историја. Тоа не се должело само на воената моќ на македонската војска. Александар успеал да го постигне сето тоа благодарение и на неговиот разумен однос кон покорените народи. Тој бил првиот човек што почнал да ја брише разликата помеѓу Македонците, хелените, и барбарите, преку создавање на една нова космополитска култура, со заемна почит помеѓу сите народи кои живееле во неа.
Да во Александровата империја официјален меѓународен јазик бил хеленскиот, (како што е англискиот денеска) но тоа во никој случај не значело и губење на сопствените особености како што биле македонските обичаи и нарави, македонскиот јазик, култура, и особено македонската припадност.
– Неделник Република број 138, година IV, петок 24 април 2015 год. (стр. 36-37)
Од Откритие До Бесценет Археолошки Монумент
Во 1887 година Осман Хамди Беј турски антиквар, колекционер, и прото археолог вршел археолошки ископувања на остатоците од старите кралски гробници на ридовите зад Сидон, денешен југоисточен Либан. Во тоа време овој простор бил сеуште дел од Отоманската Империја.
Во екот на истражувањата Осман Хамди Беј наишол на пар добро сочувани мермерни саркофази кои припаѓале на значајни ликови од Сидон од времето на славните подвизи на Александар III Македонски (Bay & Reinach 1892)
Хамди Беј со помош на ферибот саркофазите ги транспортирал во Истанбул каде што ги презентирал на јавна изложба. За оваа намена бил основан и денес светски прочуениот Отомански Империјален Музеј во кој уште од тогаш па до ден денес се чуваат овие луксузни пронајдоци. Еден од камените ковчези, веднаш му фатил око и ја разбудил имагинацијата на турскиот археолог. Ковчегот изобилувал со длабоки релјефни сцени на кои во прекрасни детали билe интерпретирани претстави на Александар Велики. (Von Graeve 1970)
Гертруде Бел британски мултилингвиста, патеписец, археолог и современичка на овој настан, во Јуни 1898 година го посетила музејот за да го види саркофагот за кој сите наговестувале дека му припаѓал на славниот Александар. Својот восхит и импресии од овој наод го напишала во својот дневник. Илустрирајќи ги борбените сцени како реалистични призори од кои самата се почуствувала како да ја гледа маглата и жарот од крвавите битки на Александар. Дури потенцирала дека со саркофагот бил изложен и череп кој наводно му припаѓал на славниот крал. (Bell 2005, diary entry for June 6, 1898)
Сепак и покрај првичната еуфорија археолозите наскоро откриле дека воопшто не станува збор за саркофаг во кој бил погребан славниот војсководец. И покрај тоа што неговиот дизајн, облик, и интригантни релјефни декорации и фризови илустрираат индикации од животните авантури на Александар, станувало збор само за идолатрија и длабока почит кон александровото дело од страна на човекот кој бил погребан во луксузниот саркофаг. Како најверојатни покојници за кои бил наменет се кандидираат два лика од историјата на Александар и Античка Македонија. Абдалоним, последниот по родум Феникиски владетел на Сидон, кој бил назначен на таа функција токму од Александар веднаш по Битката кај Ис, што би можело да претставува мотив инспирација и главна причина за идолатријата која овој владетел ја покажал кон македонскиот војсководец. (Palagia 2002, 186)
Абдалоним или преведено од персиски “слуга на боговите“, е човек сенка за историските извори. Дури и датата на неговата смрт е често оспорувана та во игра се годините од 312 и 306-305 пред н.е. (Palagia 2002 196; Heckel 1992, 69) (Studniniczka Achäologische Jahrbook 9 (1894), pp 226ff; F. Winter, 1912)
Од друга страна во последно време како кандидат за овој саркофаг се јавува и персискиот благородник и гувернер на Бабилон, Мезеј (Schefold 1968, p. 24), но сепак поради контекстот помеѓу релјефните претстави историските настани и местото каде е најден овој саркофаг научниците предноста сеуште му ја даваат на Абдалоним.
Од уметничка гледна точка петнаесет тонскиот саркофаг бил изработен од два големи блока од високо квалитетен пентелиски мермер кој бил ваден од локалитетот крај планината Пентеликон североисточно од Атина. Од истиот мермер е изграден и Атинскиот Акропол. Како одминувале годините така овој бел блескав мермер добивал златеникава боја. Квалитетот на мермерот и особено на релјефните претстави сами по себе наговестуваат за богатството и значајот на покојниците кои биле погребани во него, та од таму не е ни чудно што на Осман Хамди Беј на прв поглед му заличело на ковчег кој би можел да му припаѓа на Александар.
На една од подолгите страни на саркофагот релјефно е илустрирана можеби најубавата сцена која ја интерпретира борбата на Александар и Македонците со Персијците, претставувајќи го македонскиот крал со фантастичен шлем од лавовска глава, како со копје прободува персиски коњаник, во сцена која очигледно има за цел да ја овековечи Битката на Ис во 333 година пне, кога бил поразен персискиот цар Дариј III. Релјефот изобилува со драматичност реалистично доловувајќи ни ги продорниот застрашувачки поглед на Александар како прободува еден Персиец уплашен до смрт. Како продолжение на релјефот Македонските војници се претставени како цврсти непоколебливи мускулести воини додека Персијците како кротки луѓе во предсмртна агонија.
Остатокот од релјефните претстави никако не изостануваат по својата брилијантност. На долгиот фриз од спротивната страна Александар е претставен во лов на лавови. Како еден од коњаниците кои го придружуваат е неидентификуван коњаник за кои многу научници сметаат дека е Абдалоним, а како често идентификувани фигури во оваа убава релјефна претстава се и генералите Пердика и Хефајстион. (Palagia 2002, 188)
Пократките релјефни фризови од предната и задната страна се изработени со истата маестралност. Од предната страна е прикажан лов на пантери (слика лево), додека од задната Битката на Газа од 312 година пне (слика десно). И на двата фриза се претпоставува дека непознатиот коњаник е впрочем фенискискиот крал Абдалоним.
Целиот саркофаг е димензиониран во вид на антички храм. Горниот ред на покривот е сочинет од претстави на орли кои според верувањата во Античка Сирија биле птици кои ги носеле душите на мртвите во рајот. На фронтоните од двете страни имаме хербални декорации и персиски грифони. На аглите од секој фронтон имаме лавови кои се на некој начин чувари на саркофагот.
Кога подетално би се анализирале резбите на овој саркофаг, веднаш препознатливо е дека станува збор за вистински мајстори на своето време кои успеале преку длабочината на својата резба релјефите да ги претворат во 3 димензионални илустрации кои како да оживуваат од површината на саркофагот.
И покрај тоа што ова не е саркофагот во кој било положено телото на Александар нема спор дека овој археолошки монумент е вистинско ремек дело во светски рамки. Александровиот саркофаг неспорно зазема почесно место во светското археолошко богатство како дело со највисок уметнички дострел и историска вредност.
– Неделник Република број 111, година III, петок 17 октомври 2014 год. (стр. 28-29);
Во изминативе месеци згрозен од неодговорното и насилничко однесување на луѓето кои моментално ги окупираат државните институции на нашата татковина, испаднав на улица да побарам одговорност:
ОДГОВОРНОСТ за неспособноста на здравствените институции во случајот со деветгодишната Тамара Димовска.
ОДГОВОРНОСТ за обидот за прикривање на убиството на 22 годишниот Мартин Нешкоски.
ОДГОВОРНОСТ за монтираните судски процеси иницирани како резултат на политички пресметки со своите политички противници.
ОДГОВОРНОСТ за изборниот криминал во кој луѓе од Пустец и мртви гласачи прават бугарски возови.
ОДГОВОРНОСТ за партискиот реваншизам и бркањето од работа на политички неподобните и партизацијата на државната администрација со неспособни партиски послушници кои се таму само за една партија да си добива гласови на избори.
Во овој период јас бев вработен под договор на определено работно време како музејски водич едукатор во Археолошкиот Музеј на Македонија. На протестите не дојдов ниту да фрлам со домати, ниту да се тепам со полицајци. Испаднав за да им дадам подршка на мајката на Нешкоски и мајката на Тамара, бидејќи нејќам да живеам во држава во која тоа што им се случи на нивните деца утре би можело да им се случи и на моите или на било кое дете кое живее во оваа земја. Иако не ги познавав сметав дека е моја граѓанска должност како нивен сограѓанин да им се придружам во моментите кога на овие луѓе им беше најтешко. Мислев и сеуште мислам дека во ваков тоталитарен систем единствен начин за правдата да испадне на виделина е преку граѓански отпор. Кога неправдата станува закон, отпорот станува граѓанска должност.
Драги читатели поради овие мои ставови од вчера јас повеќе не сум дел од тимот на НИ Археолошки Музеј на Македонија. Зошто? Ако мислевте дека не се ништо посериозно сите оние телефонски разговори во кои високи државни функционери се закануваат со губење на работни места на своите политички неистомисленици вработени во државната администрација, тогаш сте се излажале. Јас тие закани и притисоци ги чувствував веќе неколку месеци врз моја кожа за на крајот да ескалираат со мое отпуштање од работа.
За да работи во Археолошкиот Музеј на Македонија човек мора да се откаже од размислувањето со сопствена глава и да почне да го позајмува она од партијата на власт.
Од самата директорка на споменатата институција бев опоменат неколку пати дека и покрај тоа што одлично си ги извршувам работните обврски, моето однесување надвор од работното место и моите статуси на фејсбук се неприфатливи за институцијата во која работам. Не било во ред да плукам врз оние што ме ранеле, и требало убаво да размислам како ќе продолжам да се однесувам доколку сакам да продолжам да работам во таа институција.
На опомените одговорив, дека ми е смешно некој да ме опоменува за тоа што го правам во мојот приватен живот. Доколку тие опомени беа за каснење на работно место, за непрофесионално извршување на моите работни обврски, за било што што се однесува за мојата работа во музеј, јас би се поправил, но апсолутно никој нема право да ми кажува како да мислам, во што да верувам, за кого да гласам на избори, каква музика да слушам, или каде да ставам лајкови на фејсбук. Јас бев вработен на позицијата музејски водич едукатор и имав за задача на посетителите да им го доловам богатото културно наследство на нашата татковина. Јас не бев вработен на позицијата партиски потрчко на ДПМНЕ. Мене Груевски не ме ранеше, мене ме ранеше мојата посветеност и љубов кон работното место.
На овој мој став ми беше одговорено со зборовите: Мартине ние не сме Шведска, мора да се привикнеш на државата во која живееш.
Тоа е и проблемот, што сакам да живеам во Македонија а да се чувствувам слободен како во Шведска. Можам но нејќам да си заминам од оваа држава, сакам тука да направам своја фамилија на која ќе и обезбедам сигурна иднина. Главна пречка за тоа се оние што моментално се наоѓаат на власт.
За лицемерието на директорката да биде поголемо на 05 овој месец ги свика сите 11 души кои од Октомври 2014 година работевме во Археолошкиот Музеј на позицијата музејски водич едукатор. Почна да чита имиња и презимиња од кои четворица никогаш не беа прочитани и го изгубија работното место. Меѓу избришаните бев и јас, веднаш станав, се насмевнав, и си заминав. Знаев дека беше само прашање на време кога. Во лифтот на искачање од еден од вработените наместо срдечен поздрав ми пренесе дека долга била раката на ВМРО. И стварно била долга, а тоа се гледаше во оние што останаа на работа. Тоа беа оние кои наместо на работно место во музеј имаа партиска обврска секојдневно да се појавуваат во шаторите пред Собранието на Македонија. Додека они кампираа и сеуште кампираат за задоволувањето на суетата на нивните партиски наредбодавачи, ние другите работевме во музејот, имавме дупло ако не и тродупло повеќе тури со кои посетителите ги запознававме со богатото културно наследство на нашата држава. За жал кога дојде времето на кастрење за директорката повреднувани беа партиските потрчковци него ли музејските водичи.
Некој сега ќе праша а зошто воопшто кастрење на работни места во институција која почна да работи пред нецели седум месеци.
Драги читатели Археолошкиот Музеј на Македонија е на раб на банкрот. Овој наш музеј нема финансиски средства ни за тоалетна хартија камоли пак пари за да ги плати сметките за струја или исплати своите вработени. Од седум месеци работа имам земено само три плати. Посетеноста на музејот е минимална, по одвај четириесетина посетители секој ден. Маркетингот речиси и да не постои, сосем разбирливо кога ќе имате во предвид дека главно и одговорно лице за маркетингот на целиот музеј е една персона која со цел памет тврдеше дека во саркофагот изложен во Археолошки почивале и коските на Александар Македонски, та затоа и се нарекувал Александров. Додуша нормално е тоа за нашево опшество бидејќи таа персона била вработена во нашиот археолошки музеј како заслуга за “патриотската борба“ на нејзиниот маж кој како главен и одговорен уредник во својата емисија носи стручњаци кои ни раскажуваат како бог ги создал Македонците во десетиот ден.
Археолошкиот музеј нема означени правци за движење, нема ознаки за хронолошки периоди ниту пак информативно едукативни табли за тие периоди, ниту пак има план на просторот за да знаете каде се наоѓате. Додуша има водичи, но од оние што останаа само за еден може да се каже дека колку толку знае англиски. Другите не знаат да сврзат ни просто проширена реченица. Со среќа нека им е понатамошната работа, на странците дефинитивно ќе им биде забавно.
Археолошкиот музеј нема ни било каква интернет социјална или печатена маркетинг пенетрација. Музејот нема ни едно обично флаерче на кое би ги пишувало најбитните информации за работно време, телефон за контакт, ценовник. Нема ни знак за влез, или излез. Легендите во витрините кои би требало на посетителот да му кажат каде се откриени, од кој век потекнуваат и што претставуваат артефактите изложени во нив, се или грешни со испомешани бројчиња, или премногу ситни и недоволно осветлени па никој неможе да ги прочита камоли разбере, или пак воопшто ги нема. Сите видео проектори кои наводно би требало да покажат дека музејот е во чекор со модерната музеологија уште од самото свечено отворање се прегорени и вон употреба главно поради погрешно поставена електрична инсталација. Прашината е насекаде, од три хигиеничарки само една работи, а причината е бидејќи само она нема партиска книшка, та само она се плаши за своето работно место, и мисли дека трудот е она што ќе ја спаси.
Кај е директорката во целата работа? Знае ли таа за сите овие работи?
Знае верувајте многу добро знае:
Знае и за списоците со кои штиклираше присуство на своите вработени на митингот на ДПМНЕ на 18 Мај,
Знае и за специјалниот статус кој го уживаат сите здруженија на УМС на ДПМНЕ на ниво на цела република кои кога сакаат можат бесплатно да си влезат и да се шетаат околу музејот, како они да не се обични граѓани туку некоја буржоазија со сина крв.
Знае и за тоа дека 90 посто од администрацијата не и работи ништо туку функционира на принципот примај плата клати врата, само бидејќи мислат оти партиската книшка а не работните обврски се единствениот критериум како да ја задржат својата позиција.
Знае дека и златната маска и нараквица и се копија, како и што и се копии и скулптурата Венера Пудика, Големата Мајка од Тумба Говрлево, Адамот од Говрлево, архитравната греда од Исар Марвинци, и голем број други наоди бидејќи очигледно никој не верува во нејзината способност овие значајни артефакти научно и професионално да ги презентира пред пошироката јавност.
Директорката наместо да го средува музејот побитно и е дали ќе биде видена во првите редови на некој партиски митинг, или колку ќе биде лајкуван некој нејзин фејсбук статус во кој ги воспева догмите на ДПМНЕ. И пак сето ова е нормално за нашево опшество бидејќи очигледно партиската книшка е единствениот критериум поради кој она воопшто дошла до позицијата до која дошла.
За жал нашиот музеј и покрај големиот број на пари фрлени за него не нуди, како што смета неговата директорка, „една голема вистинска приказна, заснована на една величествена историја“, тука го експонира/соголува нашето денешно незнаење и неумешност, шарлатанство и самобендисаност. Ние сме само лоша копија на современите европски култури, а за музеологија не умееме ни да мислиме, камо ли да ја (с)работиме. Таму, во таа наша македонска „музеологија“, очигледно царува вечна ноќ, како и во новиот Археолошки Музеј на Македонија, кој за жал е само фабрика за партиски гласови на избори.
Драги читатели и граѓани на оваа држава. Моето име е Мартин Стефановски. Немам партиска книшка ниту планирам некогаш да земам. Сакам да успеам во животот со мои раце и мој мозок без да позајмувам од партијата. За жал државните институции ни се киднапирани од партиски насилници и тие во заложништво го држат нормалниот живот на граѓаните во оваа држава. Поради тоа јас продолжувам да доаѓам секој ден во 6 пред Владата на Република Македонија бидејќи сакам да живеам во нормална држава каде слободно и непречен од никого ќе имам услови да оформам семејство на кое ќе му обезбедам среќен и нормален живот.
Поврзани вести:
– Кога поради активизам се губи работа – solidarnost.mk;
– ПИСМА НА ТАЗЕ НЕВРАБОТЕНИ ЧИТАТЕЛИ – off.net.mk;
– Ме избркаа од работа затоа што не станав ВМРО – reporter.mk;
– „Долга е раката на ВМРО“ – mkd.mk;
– Ме избркаа од работа затоа што не станав ВМРО – forum.kajgana;
– Ме избркаа од работа затоа што не станав ВМРО – centarnews.net;
– Писмо: Ме избркаа од работа затоа што не станав ВМРО – dokaz.mk;
– Ме избркаа од работа затоа што не станав ВМРО! – libertas.mk;
– Ме избркаа од работа зашто не зедов партиска книшка на ВМРО – a1on.mk/;
– Ме избркаа од работа зашто не зедов книшка на ВМРО – revolucionermk.com;
– Ме избркаа од работа зашто не зедов книшка на ВМРО – novatv.mk;
– На улица поради партиска неподобност – telma.com.mk;
– Нема работа ако не се покоруваш на партија – makdenes.org;
– Директорката на Археолошкиот музеј не одговара – libertas.mk;
– Директорката на Археолошкиот музеј без коментар – reporter.mk;
○ МАКЕДОНИЈА ОТПУШТА, АКО НЕ СИ ВМРО-ДПМНЕ! (стр. 36-41);
○ Неделник Фокус, број 1030, петок 03 Јули 2015
Колкумина од вас имаат завршено македонски факултет, а не го работат она за што учеле и за кое потрошиле една четвртина од својот живот? Зошто е тоа така, кои се причините и последиците по развојот просперитетот и иднината на оваа држава?
Воглавно постојат три цели и императиви на кои се базира секое образование:
1. Учиш за да знаеш;
2. Учиш за да работиш;
3. Учиш за да бидеш корисен за граѓанското опшество;
Во Македонија ниту еден од овие императиви не се практикува ниту половично, камоли комплетно.
Стратегијата на македонското образование е да продуцира инфантилни системски грешки кои иако сите со свои очи ги гледаме, како никој да нема сила ниту пак има желба истите да ги поправи. 90 посто од оние што дипломираа моја генерација на било филозофски филолошки економски или правен факултет сега или се невработени или воопшто не го работат она за што учеле. Причини зошто е тоа така има многу.
– Уште на самиот старт кога ќе го земете во предвид фактот дека одговорите од приемните испити за македонските факултети се објавуваат во Службен Весник наводно со цел да им се олесни работата на македонските студенти при уписите, си добивате претстава за каков квалитет на образование правиме муабет. Самите факултети како да не веруваат во капацитетите на своите студенти. Драги ректори на тој начин и шимпанзо можам да запишам на македонски факултет. Но добро со оглед на тоа дека доколку строго се бара вистинско знаење ќе поминат млади луѓе со капацитет, а нема да поминат партиски пиони и мамини и татини галеничиња разбирливо е зошто тоа би им сметало на некои што седат горе во фотељите. Секоја власт си инвестира во неписмен народ за да го работи ко бавча.
– Одиме понатаму. Самото образование во Македонија е базирано воглавно на теориска настава од застарена стручна литература. По одредени предмети единствената литература која може да се најде е изџваканата скрипта на генерациите од пред вас. Што е уште поболно македонското образование како никако да најде соодветна застапеност за практичната работа, или во превод речиси никој во Македонија не учи низ работа. Македонските компании и Македонската Влада сите овие години не успеаа да се договорат како да изработат една загарантирана студентска волонтерска стратегија која би била од корист и за двете страни. Како тогаш се очекува по завршувањето на факултет младите да најдат работно место кога во сите конкурси се бара искуство од по неколку години?
– Кај нас се нешто константно се менува и реформира, само некои нови и нови реформи, па реформи на реформите. А колку некоја од тие реформи заживува? Едноставно се нема време да се воочат предностите или негативностите, а веќе дошла друга. Македонските студенти се третираат како еден вид на експериментални глувчиња во тие европски реформи кои најчесто само ветуваат, а ништо не остваруваат.
– Македонското образование во овие дваесет и пар години не научи како да ги насочи своите граѓани кон сигурна иднина. Често знаеме да им се потсмеваме на странци кога гледаме какви се ступидни одговори даваат по јутјуб видеа, но тоа најчесто е така бидејќи нивното образование уште од најмала возраст е сконцентрирано кон насочување само кон една насока и една професија која се специјализираат да ја знаат до совршенство. Можеби нема да знаат да ги покажат Турција и Украина на карта но затоа ќе знаат да ја вршат својата работа до најмалиот детал и најчесто за да дојдат до неа не чекаат повеќе од неколку месеци веднаш по своето дипломирање? А кај нас? Што дека знаеме каде се Нов Зеланд и Канада на карта, кога во иднина тоа би ни помогнало само за полесно да пратиме мејл за имигрантска виза.
– Тука се поставува и едно друго прашање: Доколку нема побарувачка за одредени кадри на пазарот на трудот, зошто не се укинат, или бар да се намали квотата за прием, бидејќи во спротивно државата наликува на оние мангупи што вртат кибритчиња на камениот мост, само што место пари, младите во овој случај си се коцкаат со сопствениот живот. Голема вина во овој проблем носат и оние што треба да ја насочуваат и професионализираат иднината на оваа држава, професорите кои за жал место знаење гледаат само да извлечат што поголема паричка од катедрите што ги држат.
– Најголемата главоболка. Огромни проценти од оние што работат според својата струка својата работа ја должат благодарение не на знаењето туку на фамилијарните или партиските врски било тие да се од едната или другата партија. Македонија е држава во која имаш далеку поголема шанса да се вработиш одејќи по партиски штабови и лепејќи плакати, него ли да одиш по библиотеки и предавални. Покрај фамилијарните и партиските врски како врв на се е фактот што во Македонија има луѓе кои земаат плата благодарение единствено на својата етничка припадност без да исполнуваат било какви квалификации за завршено образование или други професионални надградби. Некој од нив земаат плата и без воопшто да одат на работа.
А кај се во целата оваа приказна младите? Нив место на протести за подобро образование, можете да ги забележите како дремат со пивцата по кафичите и дискотеките додека ги трошат паричките на мамичка и татичко, или пак по улиците и автобусите креирајќи етнички тензии на тој начин лечејќи си ги своите комплекси и фрустрации од немањето перспектива.
Последиците од овој ноншалантен однос преку бутање на проблемите под тепих Македонија ги чувствува веќе дваесет и пар години. Тие најчесто се рефлектираат во:
1. растот и стагнацијата на стапката на невработеност која особено е екстремно висока кај младата популација;
2. одливот на млади мозоци кои поради безперспективноста бегаат надвор од државата;
3. падот на наталитетот, никој денес не оформува семејство доколку не е сигурен дека на истото тоа семејство може да му ги обезбеди сите услови за среќен живот;
4. неквалификуваната работна сила, евтината работна рака, ниските плати итн;
За Македонија да стане просперитетна држава во која младите ќе можат слободно да ја градат својата иднина треба квалитетно образование. Тоа е единствениот клуч за продуктивна иднина на своите граѓани.
Сега некој може ќе рече сето ова нема врска со реалноста. Ако нема никому ништо. Но што ако има и те како врска? Каква иднина ни се наѕира?
Related topics:
– Колку вреди македонското образование? – FB page МАКЕДОНЦИ;
When you visit some country dont you want to know more about its tradition culture and history in the shortest period of time, without the need to read zillion tons of books? This is one video that will try to do just that, in only two minutes.
The Macedonian story, the cultural and historical heritage of the Macedonian people, the accomplishments and the downfalls of the Macedonian nation, in only two minutes.
Related:
ВИДЕО: Македонија во две минути – press24.mk;
Македонија во 2 минути (ВИДЕО) – mkd.mk;
Видео: Која е Македонија – mkd-news.com;
Македонија во две минути (видео) – republika.mk;
Macedonia in 2 Minutes HD – vimeo;
Macedonia in 2 minutes HD – FB Page Macedonia;