Колку вреди македонското образование?

Колкумина од вас имаат завршено македонски факултет, а не го работат она за што учеле и за кое потрошиле една четвртина од својот живот? Зошто е тоа така, кои се причините и последиците по развојот просперитетот и иднината на оваа држава?

null

Воглавно постојат три цели и императиви на кои се базира секое образование:

1. Учиш за да знаеш;
2. Учиш за да работиш;
3. Учиш за да бидеш корисен за граѓанското опшество;

Во Македонија ниту еден од овие императиви не се практикува ниту половично, камоли комплетно.

Стратегијата на македонското образование е да продуцира инфантилни системски грешки кои иако сите со свои очи ги гледаме, како никој да нема сила ниту пак има желба истите да ги поправи. 90 посто од оние што дипломираа моја генерација на било филозофски филолошки економски или правен факултет сега или се невработени или воопшто не го работат она за што учеле. Причини зошто е тоа така има многу.

– Уште на самиот старт кога ќе го земете во предвид фактот дека одговорите од приемните испити за македонските факултети се објавуваат во Службен Весник наводно со цел да им се олесни работата на македонските студенти при уписите, си добивате претстава за каков квалитет на образование правиме муабет. Самите факултети како да не веруваат во капацитетите на своите студенти. Драги ректори на тој начин и шимпанзо можам да запишам на македонски факултет. Но добро со оглед на тоа дека доколку строго се бара вистинско знаење ќе поминат млади луѓе со капацитет, а нема да поминат партиски пиони и мамини и татини галеничиња разбирливо е зошто тоа би им сметало на некои што седат горе во фотељите. Секоја власт си инвестира во неписмен народ за да го работи ко бавча.

– Одиме понатаму. Самото образование во Македонија е базирано воглавно на теориска настава од застарена стручна литература. По одредени предмети единствената литература која може да се најде е изџваканата скрипта на генерациите од пред вас. Што е уште поболно македонското образование како никако да најде соодветна застапеност за практичната работа, или во превод речиси никој во Македонија не учи низ работа. Македонските компании и Македонската Влада сите овие години не успеаа да се договорат како да изработат една загарантирана студентска волонтерска стратегија која би била од корист и за двете страни. Како тогаш се очекува по завршувањето на факултет младите да најдат работно место кога во сите конкурси се бара искуство од по неколку години?

– Кај нас се нешто константно се менува и реформира, само некои нови и нови реформи, па реформи на реформите. А колку некоја од тие реформи заживува? Едноставно се нема време да се воочат предностите или негативностите, а веќе дошла друга. Македонските студенти се третираат како еден вид на експериментални глувчиња во тие европски реформи кои најчесто само ветуваат, а ништо не остваруваат.

– Македонското образование во овие дваесет и пар години не научи како да ги насочи своите граѓани кон сигурна иднина. Често знаеме да им се потсмеваме на странци кога гледаме какви се ступидни одговори даваат по јутјуб видеа, но тоа најчесто е така бидејќи нивното образование уште од најмала возраст е сконцентрирано кон насочување само кон една насока и една професија која се специјализираат да ја знаат до совршенство. Можеби нема да знаат да ги покажат Турција и Украина на карта но затоа ќе знаат да ја вршат својата работа до најмалиот детал и најчесто за да дојдат до неа не чекаат повеќе од неколку месеци веднаш по своето дипломирање? А кај нас? Што дека знаеме каде се Нов Зеланд и Канада на карта, кога во иднина тоа би ни помогнало само за полесно да пратиме мејл за имигрантска виза.

– Тука се поставува и едно друго прашање: Доколку нема побарувачка за одредени кадри на пазарот на трудот, зошто не се укинат, или бар да се намали квотата за прием, бидејќи во спротивно државата наликува на оние мангупи што вртат кибритчиња на камениот мост, само што место пари, младите во овој случај си се коцкаат со сопствениот живот. Голема вина во овој проблем носат и оние што треба да ја насочуваат и професионализираат иднината на оваа држава, професорите кои за жал место знаење гледаат само да извлечат што поголема паричка од катедрите што ги држат.

– Најголемата главоболка. Огромни проценти од оние што работат според својата струка својата работа ја должат благодарение не на знаењето туку на фамилијарните или партиските врски било тие да се од едната или другата партија. Македонија е држава во која имаш далеку поголема шанса да се вработиш одејќи по партиски штабови и лепејќи плакати, него ли да одиш по библиотеки и предавални. Покрај фамилијарните и партиските врски како врв на се е фактот што во Македонија има луѓе кои земаат плата благодарение единствено на својата етничка припадност без да исполнуваат било какви квалификации за завршено образование или други професионални надградби. Некој од нив земаат плата и без воопшто да одат на работа.

А кај се во целата оваа приказна младите? Нив место на протести за подобро образование, можете да ги забележите како дремат со пивцата по кафичите и дискотеките додека ги трошат паричките на мамичка и татичко, или пак по улиците и автобусите креирајќи етнички тензии на тој начин лечејќи си ги своите комплекси и фрустрации од немањето перспектива.

Последиците од овој ноншалантен однос преку бутање на проблемите под тепих Македонија ги чувствува веќе дваесет и пар години. Тие најчесто се рефлектираат во:

1. растот и стагнацијата на стапката на невработеност која особено е екстремно висока кај младата популација;
2. одливот на млади мозоци кои поради безперспективноста бегаат надвор од државата;
3. падот на наталитетот, никој денес не оформува семејство доколку не е сигурен дека на истото тоа семејство може да му ги обезбеди сите услови за среќен живот;
4. неквалификуваната работна сила, евтината работна рака, ниските плати итн;

За Македонија да стане просперитетна држава во која младите ќе можат слободно да ја градат својата иднина треба квалитетно образование. Тоа е единствениот клуч за продуктивна иднина на своите граѓани.

Сега некој може ќе рече сето ова нема врска со реалноста. Ако нема никому ништо. Но што ако има и те како врска? Каква иднина ни се наѕира?

null

Related topics:
Колку вреди македонското образование? – FB page МАКЕДОНЦИ;

Advertisements
This entry was posted in Македонско Образование. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s