Јазикот на античките Македонци според Куртиј Руф

Летото 330-тата година стара ера, персискиот цар Дариј III бил убиен од сопствените телохранители, Персија била целосно поразена, a власта била превземена во рацете на Александар III и Македонците. Сепак и покрај остварувањето на главните цели од походот кон Персија, Македонците есента 330-тата година, сеуште марширале кон исток, а никој освен Александар како да не знаел точно зошто тоа се случува. Наместо враќање кон родниот крај и уживање во слатките плодови од успесите реализирани со воените победи над моќната Персија, за Македонците војната и крвавите битки како да немале свој крај. На врв од сето тоа кралот сакајќи да им се доближи на новите народи почнал да прифаќа нови обичаи и традиции, а како да ги запоставил сопствените, оние за кои гинеле Македонците. Тоа предизвикувало гнев и немир во редовите на македонската војска.

Случајно или не, можеби и како директен резултат на тоа незадоволство, во декември 330-тата година стара ера, додека македонската армија била стационирана во градот Фарах (денешен западен Авганистан), се случил еден од првите посериозни внатрешни проблеми од походот на Александар. Бил обелоденет заговор за ликвидација на кралот, а меѓу обвинетите се нашло и името на Филота еден од најистакнатите команданти во македонската војска, генерал на Хетајрите најелитната македонска коњичка единица, и прв човек одговорен за обезбедувањето на кралот.

Целата завера детално била опишана во шесттата книга од “Историјата на Александар“ напишана од римскиот историчар Квинти Куртиј Руф во 1 век од нашата ера. Нема многу да се задржуваме на политичкиот контекст од овој настан. Ќе се фокусираме главно на судскиот процес и на говорите на Александар и Филота бидејќи таму покрај другото се споменува и македонскиот јазик како засебен јазик различен од хеленскиот и неразбирлив за хелените и источните народи.

Извадок:

“…Александар најпрво го погледна Филота со прекор и рече:
– Македонците решија да те судат. Те прашувам, сакаш ли да зборуваш со нив на мајчиниот јазик (македонскиот)?
Филота одговори:
Освен Македонците, тука има многу други сведоци, кои ми се чини полесно ќе ги разберат моите зборови, ако се послужам со истиот (хеленски) јазик, на кој ти штотуку проговори, тоа и ти го направи, мислам, само затоа, за да можат, говорот, повеќе луѓе да ти го разберат.
Потоа кралот рече:
Гледате ли, Филота си го мрази татковиот (македонски) јазик, зашто тој самиот се откажува да се изразува на него. Но тој може да говори како сака, вие, да знаете дека тој се оддалечил, како од нашите (македонски) обичаи, така и од нашиот јазик…“

(Quintus Curtius Rufus “History of Alexander” VI, 33-36)

LCL377-piii-f1 Philotas Trial by Curtius Rufus

Од дијалогот помеѓу Александар и Филота се поставуваат неколку прашања. Кој е тој “наш“, “татков“ јазик кој бил споменат? Зар тоа е хеленскиот? Зошто ако македонскиот е хеленски јазик тој би бил неразбирлив за самите хелени? Зошто би бил неразбирлив и за источните народи и тоа во период кога хеленскиот бил јазик на литературата, трговијата, дипломатијата, и воедно официјален јазик употребуван во целокупната меѓународна комуникација со векови наназад?

Одговорот е едноставен: Античките Македонци во меѓусебната комуникација говореле на јазик различен од хеленскиот.

Македонскиот јазик на античките Македонци никогаш не постанал меѓународен јазик во Александровата империја од едноставна причина бидејќи наметнувањето на непознат јазик во империја составена од разнородни народи несомнено би предизвикало негодување и отпор против македонската власт.

Од друга страна, хеленскиот бил меѓународен јазик, прифатен како на Западот така и на Истокот, како јазик на дипломатијата и трговијата и тоа векови наназад уште пред да биде роден Александар.

Самиот Филота бранејќи се во судскиот процес инициран против него, посочил дека уште пред нивното време „татковскиот“ (македонски) јазик не се користел во државните работи, односно во комуникацијата со другите народи:

“Дури има обвиненија против мене, дека си го презирам мојот мајчин јазик, дека ги омаловажувам обичаите на Македонците. Значи, тогаш, јас копнеам да владеам со нешто што го презирам? Беше, уште од многу одамна, кога татковскиот (македонски) јазик не се користеше во комуникацијата со други народи. Стран јазик мора да биде научен онолку добро од победниците како што е тоа случајот и со победените.“

(Quintus Curtius Rufus “History of Alexander” VI, 23-24)

Philotas Trial by Curtius Rufus 02

Од изворите јасно се гледа дека самите Македонци биле свесни за постоењето на сопствен јазик, но исто така биле свесни и за потребата од користењето на хеленскиот во меѓународната комуникација како еден вид на политичка алатка за нормализирање и стабилизирање на односите со источните народи.

Потфатот на Александар е еден од најголемите во целокупната човекова историја. Тоа не се должело само на воената моќ на македонската војска. Александар успеал да го постигне сето тоа благодарение и на неговиот разумен однос кон покорените народи. Тој бил првиот човек што почнал да ја брише разликата помеѓу Македонците, хелените, и барбарите, преку создавање на една нова космополитска култура, со заемна почит помеѓу сите народи кои живееле во неа.

Да во Александровата империја официјален меѓународен јазик бил хеленскиот, (како што е англискиот денеска) но тоа во никој случај не значело и губење на сопствените особености како што биле македонските обичаи и нарави, македонскиот јазик, култура, и особено македонската припадност.

Неделник Република број 138, година IV, петок 24 април 2015 год. (стр. 36-37)

DSC_0829

Advertisements
This entry was posted in Alexander the Great, Македонија, History, Macedonia. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s