Државата над партијата и личниот интерес

Ќе ви кажам сега една приказна лична моја:

Во 2008 бев до Бетмен на Плоштад Пела на Протест Против Промена на Името. Го лепевме цел град со плакати кои ги плаќавме од сопствен џеб. Никој не застана зад нас. Двете најголеми македонски партии тогаш под водство на Црвенковски и Груевски се согласија Македонија да се преименува во Република Македонија-Скопје.

Се чекаше Грција да се согласи за да станеме членка на НАТО на самитот во Букурешт. Среќа Бакојани не прифати, името остана.

Во 2010 дипломирав на факултет но не барав тука работа не ја ни земав дипломата веднаш заминав во странство, за да направам некој денар

Во 2013 дојдов во Македонија, ДПМНЕ го постави Талат Џафери за Министер за Одбрана. Јас ги направив Протестите против Талат Џафери, мислејќи дека не бива некој кој дезертирал од армијата и убивал македонски војници сега неа да ја води и да е задолжен за редот и мирот на граѓаните на оваа држава.

Имаше инциденти. Ме притворија во ПС Пролеќе напишаа кривична пријава за нарушување на јавниот ред и мир иако јас бев оној кој ги бранеше полицајците да не ги маваат и пљукаат. Ми одземаа пасош. Изгубив работно место во странство и плата од 1800 долари.

Во 2014 се вработив како водич едукатор и потпишав договор на определено време во Археолошкиот Музеј Скопје.

Во Март 2015 година протестирав за Тамара за Нешковски за Студентите бев предупреден од директорката Честоева, но не престанав со протестите и поради тоа во јули го изгубив работното место во Археолошкиот Музеј на Македонија. Од сите месеци на работа земав само две плати, другите не им ги ни побарав, не им ги ни барам.

Во Август 2015 кривичната пријава за нарушување на јавен ред и мир беше отфрлена ми го вратија пасошот, веќе следниот месец пак заминав да работам во странство.

Во новава 2018 година ќе се придружам на протестите против законот за јазиците со кој се нарушува унитарноста на оваа држава и се подкопуваат нејзините темели.

Утре ако затреба ќе одам и на протести за името…

Одговорност ќе барам секогаш. Зошто? Бидејќи за време на приватизацијата мојата мајка ден пред да ја отпуштат од МЗТ се качи на покривот на својата компанија да им каже на своите нови газди дека ги уништуваат животот и иднината на нејзиното семејство, бидејќи во 2001 мојот брат замина во војна а мојата мајка секој ден плачеше и се нервираше залепена пред екранот на телевизорот чекајќи вести за својот син.

Ете затоа ќе барам одговорност.
И само уште едно ќе ви кажам

Пиштол на чело да ми ставите нема да гласам ниту за едните ниту за другите бидејќи се гробари на оваа држава.

Related:
Протестирал против сите партии и лоши политики – expres.mk;

Advertisements
This entry was posted in Македонија, Политика, Macedonia, Name Issue, Politics and tagged , , , . Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s